• Третмани EyeSTAR Lasik

    broken image

    Што е тоа што го прави „EyeSTAR LASIK“ најпопуларен ласерски метод

    „EyeSTAR LASIK“ е:

    • Брза ласерска аблација, времетраење околу 10 секунди, а вкупното време за целиот третман е само 3 до 4 минути по око. 
    • Третманот е безболен. Пациентите не чувствуваат речиси никаква болка и непријатност за време или по третманот. Нема да има никакво крварење и нема да има потреба од какви било завои или лепенки.
    • При третманот има високо ниво на безбедност. Нема апсолутно никаков ризик за губење на видот. „EyeSTAR“ обезбедува целосно стерилни услови и дневен лимит од 10 пациенти со цел да се обезбеди третмани без ризик од инфекции и оптимални визиуелни резултати.
    • Перманентност - нема регресија навидот на повеќето пациенти, досега само 0,05% од пациентите имаат барање за подобрување на третмани. Закрепнувањето на пациентите е многу брзо. Толку е брзо, што денот по третманот, пациентите се носат на посета на многу познатите знаменитости низ прекрасниот Истанбул.
    Што е најкарактеристичнo, најспецијално за „EyeSTAR LASIK“?
    Целосна стерилност на околината во која се врши третманот: карактеристиките на ласерскиот пакет вклучуваат ХЕПА-филтри, систем за стерализација на УВ-воздухот, повеќезонски климатизациски систем, точен систем за прецизно мерење на кавлитетот, исто така систем кој ја мери стерилноста на просторот каде се врши третманот, масажа пред третманот, транспарентна операциска сала и ласерска плазма-панел, давајќи им можност на вашите пријатели и роднини да го следат текот на вашиот третман, приватна посттретманска соба за релаксирање, слушање на вашата омилена музика за време на третманот.
    Нашите хирурзи целото време се во консултација со вас и ве прашуваат дали сте подготвени за да почнат со операцијата или доколку не се чувствувате спремни, може да се премести за наредниот ден.
    Уверение за третманска услуга со строги германски стандарди TUV- ИСО 9001 за квалитет.

    Пред „EyeSTAR Lasik“

    broken image
    • Пред вашиот ласерски третман ќе биде извршен темелен очен преглед.
    • Доколку носите контактни леки, ќе биде потребно претходно да ги отстраните.
    • Меките контактни леќи треба да ги отстраните од употреба најмалку една недела пред вашиот третман, а додека доколку користите други типови контактни леќи, ќе биде потребно да престанете со нивна употреба три недели пред вашиот третман.
    • Денот кога ќе биде вашиот третман, ве замолуваме да нематекаква било шминка на вашите очи или лице, да не ставате крем за лице, кремови за после бричење или парфем.
    • Да не пиете премногу пијалаци кои содржат кофеин.
    • Ласерот „EyeSTAR“ се чува на пониска температура, па затоа ве советуваме да облечете топла и комотна облека. Ако вашиот третман е закажан преку текот на денот, понесете со вас темни очила за сонце.
    • Пред вашиот третман во „EyeSTAR“, ќе бидете информирани за целата процедура, исто ќе ви биде опишено како ќе се чувствувате при секој чекор од третманот. Откако ќе заврши психичката подготовка и подготовката на сите потребни документи, тогаш ќе почне медицинската подготовка.
    • Во институтот на „EyeSTAR LASIK“ ние обрнуваме посебно внимание во подготовките на очите за ласерскиот третман, бидејќи веруваме дека голем дел од успехот на третманот се должи на подготовката. Вашата подготовка во „EyeSTAR“ ќе се состои од целосна информираност за целата процедура и претходно знаење за сè што треба да очекувате. Ако вие се чувствувате удобно и ако сте доволно информирани за целиот процес што следува во вашиот третман во „EyeSTAR LASIK“, тогаш ние ќе отпочнеме со процесот.
    • Во меѓувреме нашите хирурзи ќе одговараат на сите ваши прашања и ќе работат на сите технички аспекти на вашиот ласерски третман, како што се внесување на вредностите во ласерот. Нашите медицински сестри и техничари ќе го подготвуваат ласерот и другата потребна опрема, исто така ќе ја вклучат вашата омилена музика, и ќе го подготват ДВД-снимачот за да се сними вашиот третман.
    • Успехот на третманот со „EyeSTAR LASIK“ е зависен од повеќе фактори, вклучувајќи ја последната технологија, хирурзи со долгогодишно искуство, ВИП-услугата и добро обучениот персонал, исто и посветеноста и грижата што ја имат кон тоа пациентите да се чувствуваат комотно и удобно како во своите сопствени домови.
  • Искуство во „EyeSTAR Lasik“

    broken image

    Прв чекор: Преттретмански преглед.

    Сеопфатн очен преглед кој ќе биде извршен од страна на еден од нашите хирурзи. Ова не е рутински очен испит, туку сеопфатен двочасовен испит со кој ќе се испита целокупното здравје на вашите очи и ќе се утврди дали сте добар кандидат за третман со „EyeSTAR Lasik“ и кој вид на третман ќе биде најдобар за вашата ситуација. Вашиот очен преглед ќе вклучува мерења на корнеалната дебелина, корнеална топографија, корнеална томографија, очно мапирање, тековна евалуација, визуелна острина, мерење на реагирањето на очите при недоволна осветленост и присуство на катаракта, глауком или друга болест.
    Додека трае очниот испит, во вашите очи ќе бидат ставени специјални капки за очи да се прошири вашата очна зеница со цел подобро да се види задниот дел од вашите очи. Исто така, за добивање релевантна вредноста за вашата рефракциска грешка, ќе се стават капки кои привремено ќе го запрат гледањето. Ова може да предизвика матна визија и чувствителност на светлина за неколку часа.
    По успешното извршување на преттретманскиот преглед, ние ќе ви помогнеме во закажувањето и подготовката на вашиот третман.

    broken image

    Втор чекор: Третман со „EyeSTAR LASIK“!

    Пред да почне вашиот третман, ние ќе ви го објасниме секој дел од процедурата. Ќе бидете прашани каков тип на музика би сакале да слушате или дирекно ќе биде пуштена од вашето CD/MP3/DVD/I-pod.
    Откако ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе се увериме дека вие се чувствувате удобно, ние ќе го започнеме третманот со масажа.

    - Вашите очи ќе бидат избришени и исчистени и тогаш ќе ставиме анестезиски капки.
    - Ќе ви понудиме медицински лек за да ве смири, кој зависи од вас дали ќе го прифатите, бидејќи не е задолжително.
    - Ќе користиме очен држач како превентива да не дојде до крварење.
    - Ќе бидете замолени за време на третманот да се фокусирате во зелено светло.

    broken image

    Трет чекор: Спиење!

    По завршувањето со третманот ќе бидете сместени во приватна соба во која ќе се одморите и релаксирате. Па потоа ќе следува еден брз преглед на вашите очи, ќе ви биде закажен посттермален преглед за наредниот ден и ќе ве испратат до вашиот хотел.
    Наредните неколку часа по операцијата можно е да не се чувствувате комфорно, како на пример да добиете чувство како да имате страно тело во вашите очи или да почувствувате мало чешање или солзење на вашите очи.
    Најдобро е по завршувањето на операцијата да се потрудите да заспиете, заради тоа третманите „EyeSTAR LASIK“се закажуваат во доцните попладневни часови или вечерните часови.
    Наредниот ден може нормално да ги вршите своите вообичаени обврски.
    Првата ноќ по вашиот третман со „EyeSTAR Lasik“, ќе биде побарано да носите заштитна покривка на вашите очи додека спиете за да се спречи ненамерно триење на очите додека спиете. Исто така ќе биде потребно да користите капки за очи и вештачки солзи во наредните неколку дена, за да се избегне триење на очите. Најчесто искуството кое го имаат нашите пациенти е дека немаат никаква болка или неудобност по процедурата, мал дел од пациенти имаат мало солзење на очите и благо чувство на печење. Други можат да имаат благо до умерено чувство на страно тело, сето тоа трае само неколку часа по операцијата, но окото обично се чувствува удобно по околу 3-4 часа. Повеќето луѓе се чувствуваат одлично доколку убаво одморат веднаш по третманот.

    На денот на третман со EyeSTAR LASIK повеќето од пациентите имаат добар вид и удобно се чувствуваат за разглед на Истанбул, враќање на работа, па дури и за возење наредниот ден.
    На жените им се препорачува да не стават шминка најмалку два дена, а најдобро една недела. Пациентит на е LASIK треба да избегнуваат водени спортови околу две недели и спортови со контакт на еден месец, по третманите LASIK, за да се потврди заздравувањето. Ние ќе ви спроведеме детални инструкции како приоритети за вашиот тертман EyeSTAR LASIK.

  • Резултати на LASIK

    Бројни студии и истражувања беа објавени за резултатите на LASIK. Дури и најпесимистичките студии констаираат дека 90 % од сите пациенти на LASIK достигнуваат вид еднаков дури и подобар од потребите за возачка дозвола.
    Сите од нaшите постоечки пациенти на LASIK (невклучително на оние со некаква претходно постоечка очна болест како мрзливо око, мрежнички болести) гледаат многу подобро споредбено со овие услови. Исто така, ниеден резултат не може да биде гарантиран, нашата цел е да го подобриме вашиот вид да биде 20/10 (повеќе од 20/20) и 20/40 (законска граница за вид за возачка) без очила и контактни леќи.


    Во институтот EyeSTAR LASIK Истанбул сме многу прецизни и критични при следењето на исходите и истите ги анализираме статистички. Ова внимание на деталите ни овозможува да креираме продуктивни и одлични резултати. Нашите пацианти се многу среќни. Бидејќи луѓето заздравуваат различно, исходите можат да варираат. Затоа е важно вашите очекувања да бидат разумни и за истото ќе биде дискутирано со вас за време на вашите консултации. Ако сте постар од 40 години, можно е да биде потребно да носите очила за читање по операцијата. Затоа што далековидоста (пресбиопија) е нормална појава кај оваа група или би можеле да одберете да имате „monovision“. Вашиот коригиран вид по LASIK, зависи директно од вашите препораки, како и од други индивидуални фактори, како што со секоја хирушка процедура, а резултатите не се гарантирани. Како и да е, сите наши пациенти. без претходно постоечка очна болест како мрзливо око, мрежнички болести и сл. гледаат 20/40, па дури и подобро (доволно да поминат на возачки испит). 99 % од нашите пациенти достигнуват вид од 20/20 или 20/25. Исто така, големата предност на нашите пациенти е тоа што ќе достигнат до одличен вид без очила или контакни леќи, малкумина ќе имат мала преостаната рефреактивна отстапка со незначителна кратковидост или далековидост, или со астигматизам. Повеќето од пациентите можат да гледат добро за повеќето од нивните секојдневни активности, или да користат наочари со тенко стакло за задачи од типот на ноќно возење. Доколку сакате оваа преостаната рефреактивна отстапка да биде коригирана, ласерската процедура за подобрување може да биде изведена по шест месеци. Подобрувањето во нашата пракса во EyeSTAR LASIK Institute Istanbul се одредува на 0,5 %. Нашите доктори ќе ги проценат веројатните придобивки, очекувањата на пациентите, како и потенцијалните ризици кога детерминирањето на подобрувањето е соодветно. Типично, пациентите кои сметаат на процедура за подобрување треба да имаат најмалку 1.00 диоптер од останатата хиперопија, миопија, или астигматизам , или смостоен вид од 20/40 или полош. Процедурата за подобрување може да се изведе еднаш, соодветно со заздравувањето на рожницата и штом е постигната стабилност.


    Целта на рефреактивната хирургија е е да ја намали вашата зависност од очила или контактни леќи и многу малку пациенти на LASIK можат да придобијат од очила за читање или очила за далеку кога посакуваат перфектна кратковидост или далековидост.


    Луѓето често пати прашуваат колку долго ќе траат бенефициите од нивната процедура. Првото око на кратковид пациент е третирано со ласерка корекција на видот во САД 1987. Овој пациент достигнал 20/20 вид по третманот и сè уште е со 20/20 по две децении од третманот. Денес, повеќето експерти низ светот се сигурни дека ќе откријат ласерска корекција на видот без долгорочни проблеми. Врз основа на одличните резултати досега, ласерската корекција на видот стана најчестата заеднички применувана рефреактивна процедура во светот.

    Ризици на LASIK
    Секој хирушки зафат, покрај придобивките и предностите, со себе носи и ризици. Иако е познато дека LASIK е еден од најразвиените системи измислени од човекот, сепак, многу ретко, е можно да се појават непосакувани резултати.Сите ризици поврзани со операциите на LASIK се многу ретки и само неколку од нив се долгорочни. Пред сè, LASIK не предизвикува слепило согласно целата престижна научна литература. Имаме слушнато гласишта за некои пациенти од Индија, од Турција, од Европа, од Канада и од САД, но не можеме да ги потврдиме фактите. Доколку познавате некој кој со третман со LASIK го има изгубено видот, ве молиме советувајте го/ја да контактираат со нас. Ние ќе обезбедиме бесплатна услуга и помош за нив. Убедени сме дека сите можни компликации од LASIK можат да се исправат со добра соработка без значителна загуба на видот.

    Што правиме за да го намалиме ризикот од LASIK?
    Имаме создадено збир од безбедна и висококвалитетна практика на LASIK, наречена Упатство за добра пракса на LASIK (Good Lasik Practice Guidelines – GLPG). Упатството е резултат на многугодишно искуство и академско истражување. Ако Упатството е строго применето, компликациите од ризиците од LASIK паѓаат под 1 % ( што е околу 2-6 % генерално/девијации на рефракција не се вклучени/) со што ова овозможува севкупен медицински квалитетен и евидентен, забележителен резултат на видот. Секогаш користиме „eyetracking“ --------.Ова обезбедува добро центриран хомоген третман. Многу центри во Турција и во светот не ги активираат „eyetracking“, сè додека не е време за изведување.
    Секогаш користиме нови оригинални расположливи сечила за секој пациент. Со секоја употреба на микрокератомот, рожницата може да го изгребе сечилото. Користените тапи сечила можат да предизвикат фалични резови. Стремејќи се кон совршени резултати, оваа несовесност е неприфатлива за нас. Бидете свесни дека некои очни болници во Турција и низ светот не ги менуваат сечилата од пациент до пациент, што е отворена врата и покана за заразни болести од типот на СИДА и хепатитис.

    Дури и сите микрокератомски системи што ги употребуваме имат аларм за неадекватно ниво на вакуум, па нашите рефрактивни хирурзи секогаш рачно го проверуваат притисокот и го потврдуваат статусот во соработка на пациентите.

    Нашите рефреактивни хирурзи секогаш лично го надгледуват и проверуваат микрокератомот. Секогаш симулираме операција пред да ја изведеме на нашиот пациент. Со ова се овозможува да се предвидат можните проблеми поврзани со ласерот со што ни се дава шанса да ги исправиме отстапките пред нашиот пациент да искуси проблем. Со оглед на тоа што нашите хирурзи се хирурзи специјалисти за рожници, не сме обврзани за опциите на LASIK. Ако на вашите очи им е потребен специјлен третман како LASEK, PTK, AK, можеме да ви помогнеме со опцијата која најмногу одговара на вашите посебни потреби.
    Времето ни е неопходно посветено на секој пациент. Многу често посветеноста значи подобри резултати, помалку грешки и повеќе задоволни пациенти. Еден од добро познатите центри во Истанбул, Турција, има реоперација (втор ласерски третман на останата миопија, хиперопија или астигмтизам) со резултат од 21 % а нашиот е 0,5 %. Сите предоперациски испитувања (пред LASIK), операциите на LASIK, како и постоперациските испитувања (по LASIK) , се пратени од од истиот рефрактивен хирург. Сметаме дека директната информација е подобра од индиректната.
    Нашата стапка на компликции е 0,2 %. Се имаме соочено со неколку случаи н SOS (Sands of Sahara) - Песоците на Сахара, минатата година. Работевме на тоа и оттогаш немаме имано ниту еден случај на SOS. Сè на сè, нашата вкупна стапка на компликации е 1 %. Ниеден од нашите пациенти нема вид послаб од потребниот за возачка дозвола, со исклучок на пациентите со мрзливо око.

    Ризици на LASIK воопшто/ генерално
    Неколку недели по операцијата на LASIK,можно е да бидат видени ореоли/венци околу изворот на јасна светлина. Генерално, овој ефект се губи со текот на времето. Понекогаш посакуваната корекција може да биде повеќе или помалку од планираната и може да индуцира астигматизам. Овој проблем може да се реши со третман со ласер „touch up“ (touch up - ретуширање). Повторниот третман е вообичаено неопходен за поголеми и покомплексни упатства.
    Ако вакуумот во микрокертомот е понизок од нормалниот, можно е некомплетно, нерегуларно да се создаде на рожницата. Понекогаш тоа може да биде предизвикано од пациентот, претерано истиснување или микрокератомска неисправност. Во овој случај, процедурата на LASIK може да биде одложена, или во опција може да се земат други ласерски модалитети.

    Многу ретко, епителните клетки можат да мигрираат под „flap“. Ова може да предизвика замаглен вид. За да се реши овој проблем, хирурзите ги полеваат и измиваат овие клетки. Понекогаш ако проблемот е постојан, овие клетки можат да бидат уништени со локална апликација на алкохол.
    Друг редок случај е кога може да се види реакција под „flap“ (колонии од бели крвни зрнца). Оваа состојба која предизвикува замаглен вид, е наречена SOS (sands of Sahara) или DLK (Diffuse Lamellar Keratitis). Подмачкување и остатоците/сметот од микрокреатомскиот мотор, пациентите и нивното лачење се сметаат за причинители на оваа состојба. Меѓусклоп на миење и солзи со стероиди можат да се употребат како решение на оваа реакција.
    Во првите денови по третманот, станувањето во ретки случаи, пациентот може неволно да го премести „flap“ (на пр. за време спиење, играње или судир), предизвикувајќи набори, брчки на „flap“. Во овој случај тој се делоцира или се голтнува, ако е потребно.

    Многу ретко, „flap“ може да биде ослободен и без стожер (без капак или без „flap“). Тогаш ласерскиот третман се изведува и „flap“ се делоцира/ поместува. Во минатото ова беше рутина.
    Инфекциите се уште еден редок ризик. Можат да се излечат со антибиотски капки. Генерално, статистиките покажуваат дека инфекциската стапка е 1:20 за LASIK во однос на контактните леќи.
    По LASIK, за време на намалувањето на рефлексот на солзење на рожницата и манипулацијата на солзните жлезди (кои се сместени под очните капаци), можно е очите да бидат суви. Ова особено е очигледно кај постарите лица, кои и природно се склони на ова состојба. Вештачки солзи и лукрикантни гелови можат да бидат многу од помош. Нормално, по неколку месеци, поплаките упатени за суви очи ги нема.

    Интернационални студии за компликации при LASIK
    Зачестеност на компликциите видени за време и по операциите LASIK
    Една од многу добро познатите студии за компликациите на LASIK е студијата CRS-USA. Објавена во 1998 година, студијата претставува евалуација на 1.800 очи кои биле подлежни на операција на LASIK.
    CRS- USA STUDY: КОМПЛИКАЦИИ ПРИ ОПЕРАЦИЈА СО LASIK
    (интраоперативни компликации 1,2 %)
    Тип на компликација зачестеност
    Неисправни „flaps“ 0,03 %
    Епителни оштетувања 0,47 %
    Тенки „flaps“ 0,38 %
    Многу мали „flaps“ 0,38 %

    Ве молиме забележете дека овој вид микрокератомска поврзаност со копликациите се намалува со напредната микрокератомска технологија. Неодамнешните студии од голем размер, како Tham & Maloney (n=3998), објавена во 2000 година, го прикажа овој тип компликација само 0,7 % глобално.
    Пациентите треба да сфатат дека индициите за ваков тип компликации се многу ниски. Сепак, кога ќе се појави ваков случај, повеќето хирурзи нема веднаш да применат ласерска аблација. Неправилните сечења „flaps“ ретко водат до суштинско, битно губење на видот и обично хирурзите едноставно ќе ја завршат процедурата истиот ден и ќе ја презакажат операцијата за неколку месеци подоцна. По три месеци придржувајќи се до тоа, е откриено дека нема суштинска, битна разлика во видот помеѓу пациент кој искусил компликација за време на операцијата со LASIK и оние кои не го искусиле тоа (студијата CRS-USA).
    Студијата CRS USA исто така ги сумира компликациите видени по операцијата со LASIK. Деталите од постоперативните компликции се следните.

    CRS USA - студии за компликации по LASIK
    (вкупно 5,8 %)

    ТИП НА КОМПЛИКАЦИЈА ЗАЧЕСТЕНОСТ
    Corneal Edema (оток на рожницата) 0,6%
    Постојан епителен дефект 0,5%
    Corneal scаrring 0,1%
    Значителен одблесок 0,2%
    Постојана неудобност 0,5%
    Epithelial in growth 0,6%
    Flap (cap) thinning 0,1%
    Interface debris 3,2%

    Не значи нити што Interface debris запазени метални честички, влакненца и др. под LASIK flap - речиси никогаш не може да му наштети на здравјето или на видот. Откако е прифатен interface debris, како не релевантна, несоодветна компликација за видот, беше преместена од многу објавени студии дотогаш. Од оваа гледна точка, тоталните ризици од компликациите со LASIK можат да бидат подобрени на 2,6 % за студијата CRS-USA. Ниедна од овие компликации нрмс резултирано со губење на две или повеќе линии од BCVA (Best Corrected Visual Acuity) и нема појава на инфекција помеѓу популацијата вклучена во студијата.
    Според „Emory study“ (1999, n=1062 очи), интраоперативен (за време на операцијата), стапката на компликации е утврден на 1,8 %. За време на оваа студија, ласерските третмани на 17 пациенти беа одложени за време на микрокератомско поврзаните проблеми со „flap“.
    Друга студија, , Lin & Maloney (1999, n=1019 очи), има објавено стапка од 2,2 % вкупно за компликации за време на операција.