• EyeSTAR LASIK Патувањето

    Што треба да очекувате пред да започне вашиот третман

    broken image

    Пред да дојдете во Истанбул..

    Ве молиме најавете го вашето пристигнување веднаш штом ги дефинирате датумите на вашето патување. Треба да планирате да останете во Истанбул најмалку 1 ноќ, по можност 2 или 3. Ако би сакале да бидете прегледани во истиот ден на вашето престигнување, тогаш вашиот третман треба да биде во утринските часови. Запомнете дека ние не примаме повеќе од 10 пациенти на ден со цел да им овозможиме на нашите пациенти да ја добијат најдобрата можна нега. За закажување по телефон ве молиме јавете се на +90 212 361 5000 или +90-533-480-5686 (24 часа на ден) или
    e-пошта: info@eyestar.us.

    • Вие треба да одлучете каков транспорт и сместување сакате да имате во Истанбул. Ние ќе бидеме среќни ако дозволите да ви резервираме хотелско сместување во хотел на еден од нашите партнери и да ви обезбедиме трансфер од аеродромот до клиниката, како и од клиниката до аеродромот со нашите луксузни возила.
    • Плаќањата кои треба да ги направите може да ги направите со плаќање во готово со цел да се избегне употреба на вашата меѓународна кредитна картичка како и на плаќањето меѓународна провизија, како и проблемите на кои секојдневно наидуваме при користење на нашите картички, а тоа е лимитираност при користење на кредитната картичка.
    • Доколу користите меки контактни леќи, треба да прекинете со нивна употреба една недела пред вашата операција, а доколку користите друг тип контакнти леќи, треба да ги исфрлите од употреба најмалку три недели пред вашата операција.
    • Дали би сакале да ги слушате вашите омилени песни додека трае третманот? Во тој случај, не заборавајте да го донесете вашето омилено CD/DVD/MP3.
    • Пакувајте ја вашата најудобна облека и понесете спортски обувки, бидејќи ќе имате многу време за да прошетате и видите многу интересни знаменитости во Истанбул.

    Што треба да очекувате пред да започне вашиот третман - првичен тест на вашите очи

    Најпрво ќе имате сеопфатен очен испит кој ќе биде извршен од страна на еден од нашите хирурзи. Ова не е рутински очен преглед, туку ова е преглед кој ќе трае два часа и е сеопфатен, од овој очен преглед ние ќе добиеме целосна слика за состојбата на вашите очи и ќе заклучиме дали ви е потребна ласерска корекција и со каков тип на третман ќе треба да бидете третирани.

    Мерењата кои ќе ги имате во текот на овој преглед вклучуваат:

    • Корнеална дебелина;
    • Корнеална топографија;
    • Корнеална томографија;
    • Корнеален бран;
    • Мапирање на очите;
    • Тековна евалуација;
    • Визуелна острина;
    • Осетливоста на очите при недоволна светлина;
    • Присуство на катаракта, глауком или друга болест.
    По успешното завршување на вашиот очен преглед, ние ќе ви помогнеме во планирањето и подготовката за вашиот третман. Ќе бидат обезбедени двете пред и постинструкции.

    Денот кога ќе биде вашиот третман: Општи подготовки

    • Избегнувајте кофеин и други слични супстанции, бидејќи можат да создадат компликации.
    • Избегнувајте алкохол и лекови за кои претходно се немате консултирано со нашите лекари, бидејќи може да предизвикаат несакани дејствија по завршувањето на третманот.
    Носете удобни алишта, отстранете каква било и шминка и не носете парфеми.

    Додека трае процедурата

    • Ќе ви бидат ставени капки за очи да се спречи непријатност.
    • Ќе ви биде понуден лек за смирување.
    • Окото на кое нема да се врши операција ќе биде покриено.
    • Ќе се користи држач кој ќе овозможи да го држите окото доволно отворено и ќе спречи да трепнете.

    За време на процедурата ќе ве замолат да се фокусирате во зелена точка.

    Постпроцедура

    • Ќе ви бидат ставени капки кои содржат антибиотик кои нема да дозволат воспаление.
    • Вашиот хирург ќе ги прегледа вашите очи за да се осигура дека сè е стабилизирано.
    • Ќе ви биде закажан преглед и контрола за наредниот ден.
    • Кога веќе ќе биде одобрено од хирург дека сè е во ред и може да си одите, ќе бидете придружени од наш вработен до хотелот во кој престојувате.
    • Треба да се обидете да спиете или да се одмарате со затворени очи најмалку четири часа по завршувањето на операцијата.

    broken image