Return to site

Променете го Вашиот живот, имајте јасен вид без наочари или контактни леќи!

 

Подарете си нови возбудливи моменти со природен вид!

 

Првата, водечка, специјализирана само за ЛАСИК и со најголемо искуство клиника во Истанбул, Турција – EyeStar Lasik Institute, во областа на Офталмологијата - LASIK (laser in situ keratomileusis - ласерска корекција), метод во рефракциската хирургија за ласерско отстранување на диоптрија – кратковидост, далекувидост и астигматизам.

 

broken image
broken image
broken image

Ласерска корекција на диоптрија со Eye Star Lasik Истанбул
Во 3 лесни чекори

1. Преглед
Пред да се пристапи кон процедуарата LASIK (Ласерска Корекција) вашите очи ќе бидат контролирани од стручни хирурзи интегрирани со интелигентни системи за дијагностицирање во ласерското отстранување на диоптрија.

 

2. Lasik третман
Lasik (Ласерска Корекција) постапката трае околу 4 минути. Барем имавме квалитетно време за време на прегледот, нели?

3. Екскурзија
Следниот ден ќе Ви го покажеме Истанбул. Турите на Босфор се омилени на нашите пациенти.
Да, ќе бидете во можност да го видите Босфор, да пиете чај на Турската чаршија па и да напишете исказ за вашето искуство во EyeStar.

broken image
broken image

Што е LASIK?

LASIK (laser in situ keratomileusis - ласерска корекција) е амбулантско хируршка процедура која се користи за лекување на кратковидост, далекувидост и астигматизам.

Се користи ласер за преструктуирање на корнеата, во предниот дел на окото. Ова го подобрува начинот на кој се фокусираат светлосните зраци на мрежницата, во задниот дел на окото и се овозможува подобра визија без очила или контактни леќи.

Поседуваме Стандард за квалитет - Уверение за третманска услуга по строги германски стандарди TUV - ИСО 9001:2008 сертификат за квалитет.

broken image

Пред вашиот ласерски третман ќе биде извршен темелен очен преглед. Доколку носите контактни леки, ќе биде потребно претходно да ги отстраните. Меките контактни леќи треба да ги отстраните од употреба најмалку една недела пред вашиот третман, а додека доколку користите други типови контактни леќи, ќе биде потребно да престанете со нивна употреба три недели пред вашиот третман.

Денот кога ќе биде вашиот третман, ве замолуваме да немате никаква шминка на вашите очи или лице, да не ставате крем за лице, кремови за после бричење или парфем. Да не пиете премногу пијалоци кои содржат кофеин. Ласерот „EyeSTAR“ се чува на пониска температура, па затоа ве советуваме да облечете топла и комотна облека. Ако вашиот третман е закажан во текот на денот, понесете со вас темни очила за сонце.

Пред вашиот третман во „EyeSTAR“, ќе бидете информирани за целата процедура, исто ќе ви биде опишано како ќе се чувствувате при секој чекор од третманот. Откако ќе заврши психичката подготовка и подготовката на сите потребни документи, тогаш ќе почне медицинската подготовка.

Во институтот на „EyeSTAR LASIK“ ние обрнуваме посебно внимание во подготовките за ласерскиот третман, бидејќи веруваме дека голем дел од успехот на третманот се должи на подготовката. На крајот од подготовката за процедурата, Вие ќе бидете целосно информирани и сремни за процедурата, ќе знаете комплетно што ќе Ве очекува.

Ако вие се чувствувате удобно и ако сметате дека доволно сте информирани за целиот процес што следува, тогаш ќе започнеме со Eye Star Lasik процедурата. Во меѓувреме нашите хирурзи ќе одговараат на сите ваши прашања и ќе работат на сите технички аспекти на вашиот ласерски третман. Нашите медицински сестри и техничари ќе го подготвуваат ласерот и другата потребна апаратура.

 

Една од најважните карактеристики на операционата сала е "целосно стерилна средина" обезбедена со ХЕПА филтри, систем за УВ стерилизација, повеќе системи за климатизација и систем за следење на квалитетот на воздухот во реално време.

Исто така "Eye STAR" поседува уникатен систем кој ја оптимизира удобноста и одржува стерилни услови.

broken image
broken image

Дали сум погоден пациент за LASIK(ласерска корекција)?

broken image

Дали сте погодни за ласерска операција се дознава по испитувањата. Може да бидете соодветен, ако вашите очи се во рамките на следните параметри:

  • миопија (кратковидост) до -12,00 диоптер
  • хиперопија (далекувидост) до + 6,00 диоптер
  • астигматизам до +/- 6,00 диоптер
  • Без очни болести
  • Без катаракта
  • Стабилна визија во последните 6 месеци
  • Возраст + 18 години

Она што се случува пред LASIK (ласерска корекција)?

Сеопфатниот преглед на очите го испитува целокупното здравје на очите и утврдува дали сте добар кандидат за третман LASIK. Прегледот вклучува:

  • корнеална дебелина
  • корнеална топографија
  • корнеална томографија
  • корнеален Wavefront
  • мапирање на око
  • тековен развој
  • визуелна острина
  • големина на зеница при слаба осветленост
broken image

Доживотна гаранција - Нега EyeSTAR

Гаранцијата EyeSTAR - Доживотна Грижа е нашето ветување, односно писмен документ, дека по вашето лекување ние ќе се грижиме за вас. Доколку се случи да Ви биде потребна рекорекција, ќе ја направиме бесплатно. Кога имате операција на очите со EyeSTAR, знаете дека ние ќе ги обезбедиме сите потребни грижи во врска со вашето лекување, бесплатни засекогаш.

Па, како е EyeSTAR е во можност да понудат таква гаранција? Тоа е едноставно прашање на доверба - нашата доверба во третманите и грижата што ги нудиме, преку нашиот високо-искусен персонал хирурзи за корекција на видот.

25 години, илјадници пациенти од цел свет.
Да. Ние знаеме што правиме и тука сме да Ви помогнеме

Генерален Претставник за Македонија на EyeStar – АтлантиС

Одговорно лице: Билјана

 

"Неверојатно е чувството да се види светот без очила!"

broken image

"Оваа чувство трае и до ден денес! Јас сум послободна, посамоуверена и едноставно посреќна, што гледам идеално!

Несебично, со солидарност и почит кон сите, пред сѐ да помогнам и да ги информирам оние кои се двоумат да направат ласерска корекција на диоптрија, ќе го споделам моето искуство во клиниката EyeStar Lasik од Истанбул.

Се викам Билјана, во моментот сум претставник на EyeStar LASIK Institute за Македонија и би била многу среќна ако можам да помогнам на сите вас, кои сакате да го погледнете светот со други очи!"

http://www.laserskakorekcija.com/1

Резервирајте го Вашиот термин сега на 071 272 212 или на мејл biljana@eyestar.us
Во клиниката секој пациент е VIP и местата се ограничени до максимум 10 пацинети на ден.

ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ Ласик во Истанбул вклучува:

1199 еур за двете очи

  •  Целосен и комплексен детален двочасовен преглед со најновата и најнапредна ласерска технологија за дијагностицирање на оптичката несовршеност на окото,
  • Ласерска корекција за одстранување на диоптрија на двете очи со најновиот ласер на пазарот WaveLight Allegretto Wave Eye-Q 500 Hz / 400 Hz ,
  • Сите неопходни испитувања,
  • Медикаменти - капки (антибиотик,кортикостероид,вештачки солзи) за постоперативно закрепнување на очите,
  • Доживотна гаранција, сигурност и нега е ветување, дека по Вашето лекување EyeStar Lasik ќе се грижи за Вас.
  • Неограничен број бесплатни прегледи доживотно,
  • Трансфери при пристигнување и заминување од аеродром, железничка, автобуска - до клиника и обратно,
  • 1 ноќевање во  4* хотел во непосредна близина на клиниката
  • Незаборавна екскурзија - Крстарење на Босфор.

Напомена : Цената на превоз не е вклучена во пакетната цена од 1199 евра. Се доплаќа одделно.

EyeStar Викенд во Истанбул:

07.12.2017 и 28.12.2017

broken image
broken image