Return to site

 

До совршен вид

без очила!

EyeStar&AtlantiS

 

Подобрете го вашиот вид, подобрете го вашиот живот!

Дали сте подготвени да го промените вашиот живот? Дали некогаш сте замислувале да се разбудите наутро и да видите се јасно од моментот кога ќе ги отворите очите?

Дали некогаш сте помислиле дека ќе имате јасен и природен вид повторно?

Институтот EyeSTAR Lasik е ваш најдобар избор за овој важен третман,кој ќе ви го промени животот! Од 1990-тите, Институтот Ласик им помага на илјадници пациенти, преку 25.000 од цел свет, да ја отстранат диоптријата, да го подобрат својот вид и да уживаат повеќе во животот!

Ласерска корекција на диоптрија во Истанбул

Практични аспекти за Вашето патување до Истанбул за ласерска корекција на диоптрија.

• Ако имате контактни леќи, ве молиме да ги отстраните најмалку 1 недела пред почетната проверка на очите (за меќи контактни леќи) или 3 недели (за тврди контактни леќи).

• Мора да планирате да останете во Истанбул најмалку 1 ноќ, по можност 2 ноќевања, но не е неопходно за ласерската корекција. Ако сакате вашиот третман да биде во истиот ден и да останете само 1 ноќ, мора да пристигнете рано наутро на денот на пристигнување.

• Ако сакате да го организираме вашиот престој, ве молиме пратете ни е-пошта со вашите информации за патување за да можеме да го обезбедиме вашиот трансфер на аеродромот / автобуската станица и секако да ви обезбедиме трансфер до хотел илиочната клиника.

• Вообичаено, вработените во хотели во Истанбул зборуваат англиски и германски јазик. Персоналот на EyeSTAR има луѓе со мајчин англиски, германски, италијански, шпански, јапонски, руски, бугарски, романски или француски.За пациентите од Македонија, кои не зборуваат англиски ќе се погрижи сестра од персоналот која одлично разбира македонски. Се разбира, ако сте пријавени за промотивните термини, ќе ве однесеме и на незаборавна екскурзија низ Истанбул.

• Ве молиме бидете сигурни дека имате закажано преглед, затоа што примаме ограничен број пациенти (10) на ден. За да си резервирате термин по телефон, ве молиме јавете се на 071/ 272-212 или испратете е-пошта до biljana@eyestar.us

• Ќе ни биде задоволство да го организирате вашиот превоз и хотелска резервација. EyeSTAR Lasik Institute соработува со неколку хотели на Плоштад Таксим (во непосредна близина на нашата клиника).

Прв ден - што треба да очекувате пред да започне вашиот третман.

Сеопфатно испитување на вашите очи

По пристигнување во утринските часови во Истанбул, ќе го обезбедиме вашиот трансфер на место на пристигнување во Истанбул до хотел. Ќе бидете сместени во хотел и со наша придружба ќе бидете придружени до нашата клиника. Хотелите кои ги резервираме за вас се 4* и 5* хотели, кои се наоѓаат на преубавиот полоштад Таксим, во строг центар на Истанбул. Нашата клиника се наоѓа на Плоштад Таксим во непосредна близина на преубавите хотели.

Најпрво ќе имате сеопфатен очен преглед, кој ќе биде извршен од страна на еден од нашите искусни хирурзи. Ова не е рутински очен преглед, туку ова е преглед кој ќе трае два часа и е сеопфатен, од овој очен преглед ние ќе добиеме целосна слика за состојбата на вашите очи и ќе заклучиме дали ви е потребна ласерска корекција и со каков тип на третман ќе треба да бидете третирани.

Мерењата кои ќе ги имате во текот на овој преглед вклучуваат:

 

• Корнеална дебелина;
• Корнеална топографија;
• Корнеална томографија;
• Корнеален бран;
• Мапирање на очите;
• Тековна евалуација;
• Визуелна острина;
• Осетливоста на очите при недоволна светлина;
• Присуство на катаракта, глауком или друга болест.

По успешното завршување на вашиот очен преглед, ние ќе ви помогнеме во подготовката за вашиот третман. Ќе бидат обезбедени и постинструкции.

 

Денот кога ќе биде вашиот третман: Подготвување

• Избегнувајте кофеин и други слични супстанции, бидејќи можат да создадат непотребна возбуда и компликации.
• Избегнувајте алкохол и лекови за кои претходно се немате консултирано со нашите лекари, бидејќи може да предизвикаат несакани дејствија по завршувањето на третманот.
Носете удобни алишта, отстранете каква било и шминка и не носете парфеми.

 

Додека трае процедурата

• Ќе ви бидат ставени капки за очи за локална анестезија да се спречи непријатно чувство или болка.
• Ќе ви биде понуден лек за смирување.
• Окото на кое нема да се врши операција ќе биде покриено.
• Ќе се користи држач кој ќе овозможи да го држите окото доволно отворено и ќе спречи да трепнете.
За време на процедурата ќе ве замолат да се фокусирате во зелена точка и да бидете смирени и концентрирани.

 

Постпроцедура

• Ќе ви бидат ставени капки кои содржат антибиотик кои нема да дозволат воспаление.
• Вашиот хирург ќе ги прегледа вашите очи за да се осигура дека сè е стабилизирано.
• Ќе ви биде закажан преглед и контрола за наредниот ден.
• Кога веќе ќе биде одобрено од хирург дека сè е во ред и може да си одите, ќе бидете придружени од наш вработен до хотелот во кој престојувате.
• Треба да се обидете да спиете или да се одмарате со затворени очи најмалку четири часа по завршувањето на операцијата

 

Втор ден – заминување од Истанбул

Ќе бидете фасцинирани кога ќе ги отворите очите при вашето будење. Ќе имате совршена визија без вашите оптички помагала! Откако ќе појадувате во вашиот хотел, ќе се упатите во клиниката и ќе ви биде направен контролен преглед. Доколку сте на промотивен термин ќе можете да уживате во незаборавна екскурзија и да ги видите убавините на Истанбул.Потоа, нашиот љубезен персонал ќе ви посака добар пат и ќе ве испрати на место на вашето заминување автобуска/аеродром од Истанбул.

Ласерска корекција во EyeSTAR Lasik Institute – Промотивен пакет

Клиниката EyeStar Institute за своите македонски пациенти секој месец организира еднаш или два пати месечно промотивни пакети. За да се запознаете со нашите промотивни термини можете да се јавите на одговорен претставник за Македонија, Билјана 071/272-212 или на нашата веб страна www.laserskakorekcija.com

Цената на промотивен пакет е 1200 еур и вклучува:

  • Целосен и комплексен детален двочасовен преглед со најновата и најнапредна ласерска технологија за дијагностицирање на оптичката несовршеност на окото,
  • Ласерска корекција за одстранување на диоптрија на двете очи со најновиот ласер на пазарот WaveLight Allegretto Wave Eye-Q 500 Hz / 400 Hz ,
  • Сите неопходни испитувања,
  • Медикаменти - капки (антибиотик,кортикостероид,вештачки солзи) за постоперативно закрепнување на очите,
  • гаранција, сигурност и нега е ветување, дека по Вашето лекување EyeStar Lasik ќе се грижи за Вас.
  • Неограничен број бесплатни прегледи доживотно,
  • Трансфери при пристигнување и заминување од аеродром, железничка, автобуска - до клиника и обратно,
  • Бесплатен 4*или 5* хотел на преубавиот плоштад Таксим во непосредна близина на клиниката и
  •  Една незаборавна екскурзија низ Истанбул или Босфор.
  • Цена на превоз до Истанбул и назад не е вклучена во цената погоре.

Доколку се прашувате дали вашите очи се соодветни за Ласик или сакате да закажете термин, контактирајте на телефон 071/272-212 или на имејл адреса biljana@eyestar.us

All Posts
×

Almost done…

We just sent you an email. Please click the link in the email to confirm your subscription!

OKSubscriptions powered by Strikingly