Return to site

Што вклучува ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ “ЛАСИК во Истанбул”?

Атлантис и EyeStar Lasik Institute Ве водат на организирано патување во Истанбул на СПЕЦИЈАЛЕН промотивен пакет за ласерска корекција на диоптрија “ЛАСИК во Истанбул!”

Одстранете ја доживотно вашата диоптрија со најпрецизната и безболна метода Ласик, интегрирана со интелегентни системи за дијагностика и корекција со најсовремениот и со најдобри перформанси ласер во светот WaveLight Allegretto Wave Eye-Q 500 Hz .

Поминете незаборавен викенд во Истанбул, кој ќе ви го промени животот!

EyeSTAR LASIK  Bи овозможува да бидете апсолутно независни од вашите очила или леќи!
EyeSTAR LASIK ќе Ви даде слобода да уживате повеќе во животот, да го подобрите надворешниот изглед, да оставите подобар впечаток, да ја зголемите самодовербата и нови возбудливи можности!

Промотивните пакети “ЛАСИК во Истанбул” се направени специјално за пациенти од Македонија 1-2 пати месечно, секој нареден месец.

Задоволство ни е да Ве информираме за Промотивните пакети за Мај и Јуни

18.05; 01.06; 15.06

1200 евра за двете очи

ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ ЛАСИК во Истанбул вклучува:

  • Целосен и комплексен детален двочасовен преглед со најновата и најнапредна ласерска технологија за дијагностицирање на оптичката несовршеност на окото,
  • Ласерска корекција за одстранување на диоптрија на двете очи со најновиот ласер на пазарот WaveLight Allegretto Wave Eye-Q 500 Hz / 400 Hz ,
  • Сите неопходни испитувања,
  • Медикаменти - капки (антибиотик,кортикостероид,вештачки солзи) за постоперативно закрепнување на очите,
  • Доживотна гаранција, сигурност и нега е ветување, дека по Вашето лекување EyeStar Lasik ќе се грижи за Вас.
  • Неограничен број бесплатни прегледи доживотно,
  • Трансфери при пристигнување и заминување од аеродром, железничка, автобуска - до клиника и обратно,
  • 2 ноќевања во преубавиот хотел Central Palace 4* na плоштад Таксим во непосредна близина на клиниката и
  • Незаборавна екскурзија - Крстарење на Босфор.

Напомена : Цената на превоз не е вклучена во пакетната цена од 1200 евра. Се доплаќа одделно.

2 дена / 1 ноќевање

Тргнување

Доколку превозот е со автобус се тргнува еден ден пред терминот од Автобуска Станица Скопје во 16:00 часот. Се патува со редовните превозници. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Грција со попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Доколку се патува со авион тргнувањето треба да биде во утринските часови, најкасно до 09.00 часот на денот на терминот.

Преглед и Операција

Пристигнување во Истанбул е во утринските часови. Обезбеден трансфер од Централна автобуска во Истанбул до хотел. Сместување во преубавиот и луксузен хотел Central Palace 4* http://www.thecentralpalace.com/taksim/en. Хотел Централ Палас се наоѓа на плоштадот Таксим, каде пулсира срцето на Истанбул, во близина на познатата шопинг улица Истиклал. Архитектурата на хотел Централ Палас е инпиринана од познатиот касен Отомански стил и претставува вистински музеј. Со задоволство можете да уживате во Велнес Центарот на хотелот во посебна Турска бања – Хамам, украсена со Отомански мотиви или да се ослободите од заморот во сауна. По сместувањето се упатувате кон Болницата EyeStar Lasik Institut, која се наоѓа во непосредна близина на хотелот (на 2 минути). Политиката на болницата е секој пациент е ВИП и се третира индивидуално, според неговите очекувања и според неговата здравствена состојба. Се прави детален специјалистички двочасовен преглед за дијагностицирање на оптичката несовршеност на очите со најсовремена и најнапредна технологија во светот. Параметрите од прегледот се предвидливи за успешноста, сигурноста и безбедноста на операцијата и постигнување очекувани одлични резултати. Доколку се утврди дека пациентот не ги исполнува дозволените параметри за пристапување кон операција му се објаснува експлицитно дека не е погоден и дека со оваа операција нема да има успешна процедура и подобрување на неговиот вид. Во тој случај се плаќа преглед 100 евра. Пациентите кои ќе бидат одобрени во истиот ден се прави третманот за отстранување на диоптрија, кој трае со подготовката околу 7 мин. После операцијата пациентот се стабилизира околу 20 мин. И се испраќа до хотел за одмарање на очите. Препорака од нашите хирурзи е пациентите добро да се наспијат. Ноќевање.

Контролен преглед и крстарење по Босфор.

Вториот ден после операцијата се одјавувате од хотел и се упатувате кон болницата. Се прави контролен преглед на очите. Прегледот трае околу 1 час и се даваат бесплатно потребните медикаменти ( капки за очи – антибиотици, кортикостероиди и вештачки солзи) и упатства за користење на истите. Исто така пациентите се информираат за понатамошното лекување, како да постапуваат во наредниот период, кој трае околу 1-2 недели како адаптација на новата визија. Како награда за успешно завршена операција пациентите се носат на бесплатна екскурзија Крстарење по Босфор со брод. Трансфер до Автобуска Станица и тргнување за Скопје во попладневните часови.

Во клиниката секој пациент е VIP и местата се ограничени до максимум 10 пацинети на ден. Резервирајте го Вашиот термин сега на 071 272-212 или на мејл biljana@eyestar.us За повеќе информации посетете не нa:

 www.laserskakorekcija.com

www.atlantis.mk

All Posts
×

Almost done…

We just sent you an email. Please click the link in the email to confirm your subscription!

OKSubscriptions powered by Strikingly