Return to site

Зошто LASIK пациентите се опоравуваат толку брзо?

Зошто LASIK пациентите се опоравуваат толку брзо?

Медицинските интервенции од било каков тип не се секогаш адекватни за секого. Така е и со интервенцијата за отстранување на диоптрија LASIK. Поради таа причина многу луѓе сметаат дека  постапката LASIK не е добра опција за нив, па дури се и многу исплашени од истата. Други пак се соочуват со гласини дека е многу скапа интервенција, дека многу боли, дека може да доведе до слепило и на тој начин луѓето  целосно ја отстрануваат како можна опција .

Но, во реалноста, постојат многу невистини за LASIK. Нејзините минимално инвазивна техника и неверојатна точност се само два од многуте причини зошто LASIK може да доведе до такви големи резултати и брзо опоравување. Всушност, процесот на лекување се случува толку брзо што некои луѓе се изјасниле, уште на утрото после самата операција, дека нивниот вид е подобар од било кога досега.

Брзо заздравување

Минимално инвазивните процедури , како што е LASIK се фаворизирани од страна на медицинските лица во последните години. Постапка како што е ласерската корекција на диоптрија воопшто не е инвазивна, што значи дека пациентите можат да застанат на своите нозе веднаш, и во буквален и во друг смисол. Всушност, нај "инвазивна" постапка во LASIK е ставањето на капки за анестезирање и обезболување на окото пред ласерската апликација. Потребни се само неколку минути за да се стават и да започнат да дејствуваат. Очите потоа не чувстуваат никаква болка.

 Следно во постапката, хирурзите користат напредна алатка excimer ласер кој создава мал преклопец (flap) на надворешниот слој на рожницата, заштитниот надворешен слој на окото. Во зависност од пациентот, преклопецот е мал, но тој никогаш целосно не се одвојува од рожницата. После интервенцијата на пациентот  му треба малку време да се прилагоди на новиот вид на очите, а всушност само на преклопецот му треба малку време да зарасне.

Преклопецот на рожницата, всушност, почнува да зараснува во само неколку часа. Повеќето искусни хирурзи ги следат пациентите за еден час или по кратко време по интервенцијата и можат да потврдат дека сè е корегирано правилно, но штом и пациентите се задоволни со резултатите тие можат да се упатат дома.

Совршено прецизно

За време на пред оперативниот зафат, квалификувани техничари  поминуваат квалитетно време во креирање на дигитална мапа на окото. Ова е со цел да се покаже местото каде е рефрактивната гешка. Тоа е, исто така, критички важен чекор во обезбедувањето на LASIK процедурата како би имала одлични и посакувани резултати  на крај. Додека преклопецот на рожницата се прави рачно, Excimer ласерот  автоматски го менува внатрешниот дел на окото  врз основа на дигитална слика на окото. Со неколку кратки потези се корегираат неправилностите  на рожницата, а за кратко време се подобрува и самиот вид.

Враќање на работа

Пост оперативното лекување ретко трае подолго од пет дена, а многу пациенти можат да се вратат на работа наредниот ден. Пациентите кои работат во канцелариски услови со минимална прашина во воздухот  и други надразнувачи, обично може да се вратат на работа  ден по завршување на постапката. Пациентите кои работат на отворено или со висок ризик работни места обично се враќат на работа после само една недела.

Придобивките на постапката LASIK се многубројни. Зошто да чекате повеќе? Закажете бесплатна  консултација и проверете како LASIK може да го промени вашиот живот.

Имате прашање за LASIK? Прашајте еден од нашите одговорни претставници!

071/272-212; biljana@eyestar.us

All Posts
×

Almost done…

We just sent you an email. Please click the link in the email to confirm your subscription!

OKSubscriptions powered by Strikingly