Return to site

Чекор по чекор – Водич за Lasik

Заинтересирани сте за ласерска корекција на диоптрија со Lasik, но не сте сигурни што да очекувате во текот на самата интервенција?

Подолу е чекор по чекор - водич за оваа безбедна, ефикасна, безболна и предвидлива интервенција за отстранување на диоптрија.

1.Локална анестезија.

Пред да започне целата интервенција се ставаат капки за локална анестезија во окото. За неколку секунди започнува нивното дејство и трае околу 10-15 минути. Окото е обезболено и не чувствува никаква болка. Целата интервенција е компјутерски водена, така што може со голема прецизност да се предвиди и постоперативниот резултат. Се извршува во амбулантски услови и трае околу 10 мин.

2.Создавање флап (преклопец на рожницата)

Со специјален инструмент очните капаци на пациентот се држат широко отворени и не дозволуваат окото да се затвори. Се става вакумски прстен и се фиксира окото. При апликација на вакумскиот прстен се чувствува притисок во окото и за кратко време нема да можете ништо да гледате.Но тоа е нормално во таа фаза кај сите. Со ненадминливо точна и прецизена платформа, наречена микрокератом се создава многу фин flap (преклопец) ткиво на рожницата, кое се превиткува настрана.

3.Преобликување на рожницата со Excimer Laser

За време на овој процес треба да ја фиксирате со поглед ласерската светлина, која може да биде зелена или црвена точка. Во оваа фаза таа станува се поневидлива, што е нормално и не се мачете да ја барате. Колку сте порелаксирани и мирни, толку крајниот резултат ќе биде подобар.

4.Враќање на флапот (преклопецот) во првобитна положба

Откако рожницата е преобликувана, преклопецот се враќа назад. Се ставаат капки за миење на окото.

5.Процес на заздравување на окото

Всушност, заздравувањето на рожницата ќе почне само по неколку часа по завршување на постапката . На пациентите им се даваат инструкции како да ги аплицираат капките за очи за пет дена по LASIK третманот, и многу пациенти кои се подложени на оваа постапка продолжуваат со нормален животен тек и активности во рок од 24-48 часа.

Веднаш по завршување на постапката, очите на пациентот може да ги чувствувате уморни и иритирани. Ова е сосема нормално, и се препорачува пациентот да се одмори а најдобро да отспие.

За да дознаете дали сте кандидат за ласерска корекција на диоптрија закажете ја вашата бесплатна консултација на 071/272-212 или контактирајте не на имејл адреса biljana@atlantis.com.mk .

За да не следите оставете ја вашата имејл адреса подолу.

Дали имате прашања за Lasik?

All Posts
×

Almost done…

We just sent you an email. Please click the link in the email to confirm your subscription!

OKSubscriptions powered by Strikingly