Return to site

Наша заедничка визија EyeStar Institute & AtlantiS

Се прашувате каде да направите LASIK – ласерско отстранување на диоптрија и конечно да се ослободите од досaдните очила или контактни леќи?

И не само тоа, сакате да имате совршена визија и да започнете нов живот исполнет со многу возбудливи моменти и можности!

AtlantiS, како ексклузивен претставник во Македонија на реномираната клиника EyeStar Lasik Institute од Исанбул веќе повеќе години им помага на многу пациенти од Македонија и ги води на организирано дводневно патување до Истанбул и EyeStar Institute, како би го реализирале својот сон – совршена визија!

Долгогодишната соработка помеѓу “EyeStar Lasik” и “АтлантиС “се темели на взаемна почит, меѓусебно признание за успех, почитување на високо професионални стандарди за соработка и најважно од сѐ целите кои не мотивираат:

  • Да им помагаме на луѓето;
  • Да понудиме квалитет, безбедност, сигурност и одлични резултати во нашите ласерски процедури;
  • Да ги задоволуваме барањата на нашите заеднички клиенти и
  • Да изградиме силни и долготрајни врски на доверба и почитување со нашите клиенти, кои влегуваат во нашиот доживотен план за постоперативна грижа “EyeStar Care” .

EyeStar Lasik Патувањето

Пред да дојдете во Истанбул...

Ние знаеме што правиме и тука сме да Ви помогнеме. Не сакаме да се фалиме, но луѓето не сакаат.

Ве молиме најавете го вашето пристигнување веднаш штом ги дефинирате датумите на вашето патување. Ние ќе ве консултираме кои се нашите промоитвни пакети, кои ги овозможуваме за пациенти од Македонија еднаш или два пати месечно секој месец и кои се нашите редовни слободни термини.

Треба да планирате да останете во Истанбул најмалку 1 ноќ, по можност 2 или 3 ноќи, доколку сакате да го искористите вашето патување и за шопинг или посета на познатите локалитети во Истанбул. За самата ласерска корекција е неопходно само едно ноќевање.

Пристигнувањето треба да биде во утринските часови во Истанбул. Запомнете дека ние не примаме повеќе од 10 пациенти на ден со цел да им овозможиме на нашите пациенти да ја добијат најквалитетна услуга. За закажување на термин или консултција по телефон ве молиме јавете се на 071/272-212.


• Вие треба да одлучите каков транспорт ( авио/автобус) ќе користите до Истанбул и какво сместување сакате да имате во Истанбул. Ние ќе бидеме среќни ако дозволите да ви резервираме хотелско и да ви обезбедиме трансфер од аеродромот/автобуска до клиниката, како и од клиниката до аеродромот/автобуска со нашите луксузни возила.
• Плаќањата кои треба да ги направите може да ги направите со плаќање во готово во клиниката, со цел да се избегне употреба на вашата меѓународна кредитна картичка како и на плаќањето меѓународна провизија, како и проблемите на кои секојдневно наидуваме при користење на нашите картички, а тоа е лимитираност при користење на кредитната картичка.
• Доколу користите меки контактни леќи, треба да прекинете со нивна употреба една недела пред вашата операција, а доколку користите друг тип контакнти леќи, треба да ги извадите најмалку три недели пред вашата операција.
• Дали би сакале да ги слушате вашите омилени песни додека трае третманот? Во тој случај, не заборавајте да го донесете вашето омилено CD/DVD/MP3.
• Пакувајте ја вашата најудобна облека и понесете удобни обувки, бидејќи ќе имате многу време за да прошетате и видите многу интересни знаменитости во Истанбул.

Што претставува промотивен пакет Ласик во Истанбул? ”

Клиниката EyeStar Institute за своите македонски пациенти секој месец организира еднаш или два пати месечно промотивни пакети. За да се запознаете со нашите промотивни термини можете да се јавите на одговорен претставник за Македонија, Билјана 071/272-212 или на нашата веб страна www.laserskakorekcija.com

Цената на промотивен пакет е 1200 еур и вклучува:

  • Целосен и комплексен детален двочасовен преглед со најновата и најнапредна ласерска технологија за дијагностицирање на оптичката несовршеност на окото,
  • Ласерска корекција за одстранување на диоптрија на двете очи со најновиот ласер на пазарот WaveLight Allegretto Wave Eye-Q 500 Hz / 400 Hz ,
  • Сите неопходни испитувања,
  • Медикаменти - капки (антибиотик,кортикостероид,вештачки солзи) за постоперативно закрепнување на очите,
  • гаранција, сигурност и нега е ветување, дека по Вашето лекување EyeStar Lasik ќе се грижи за Вас.
  • Неограничен број бесплатни прегледи доживотно,
  • Трансфери при пристигнување и заминување од аеродром, железничка, автобуска - до клиника и обратно,
  • Бесплатен 4*или 5* хотел на преубавиот плоштад Таксим во непосредна близина на клиниката и
  •  Една незаборавна екскурзија низ Истанбул или Босфор.
  • Цена на превоз до Истанбул и назад не е вклучена во цената погоре.

Прв ден - што треба да очекувате пред да започне вашиот третман – Сеопфатено испитување на вашите очи

По пристигнување во утринските часови во Истанбул, ќе го обезбедиме вашиот трансфер на место на пристигнување во Истанбул до хотел. Ќе бидете сместени во хотел и со наша придружба ќе бидете придружени до нашата клиника. Хотелите кои ги резервираме за вас се 4* и 5* хотели, кои се наоѓаат на преубавиот полоштад Таксим, во центар на Истанбул. Нашата клиника се наоѓа на Плоштад Таксим во непосредна близина на преубавите хотели.

 

Најпрво ќе имате сеопфатен очен преглед, кој ќе биде извршен од страна на еден од нашите искусни хирурзи. Ова не е рутински очен преглед, туку ова е преглед кој ќе трае два часа и е сеопфатен, од овој очен преглед ние ќе добиеме целосна слика за состојбата на вашите очи и ќе заклучиме дали ви е потребна ласерска корекција и со каков тип на третман ќе треба да бидете третирани.

Мерењата кои ќе ги имате во текот на овој преглед вклучуваат:

• Корнеална дебелина;
• Корнеална топографија;
• Корнеална томографија;
• Корнеален бран;
• Мапирање на очите;
• Тековна евалуација;
• Визуелна острина;
• Осетливоста на очите при недоволна светлина;
• Присуство на катаракта, глауком или друга болест.

 

 

По успешното завршување на вашиот очен преглед, ние ќе ви помогнеме во подготовката за вашиот третман. Ќе бидат обезбедени и постинструкции.

 

Денот кога ќе биде вашиот третман: Општи подготовки

• Избегнувајте кофеин и други слични супстанции, бидејќи можат да создадат непотребна возбуда и компликации.
• Избегнувајте алкохол и лекови за кои претходно се немате консултирано со нашите лекари, бидејќи може да предизвикаат несакани дејствија по завршувањето на третманот.
Носете удобни алишта, отстранете каква било и шминка и не носете парфеми.
 

 

Додека трае процедурата

• Ќе ви бидат ставени капки за очи за локална анестезија да се спречи непријатно чувство или болка.
• Ќе ви биде понуден лек за смирување.
• Окото на кое нема да се врши операција ќе биде покриено.
• Ќе се користи држач кој ќе овозможи да го држите окото доволно отворено и ќе спречи да трепнете.

 

За време на процедурата ќе ве замолат да се фокусирате во зелена точка и да бидете смирени и концентрирани.

Постпроцедура

• Ќе ви бидат ставени капки кои содржат антибиотик кои нема да дозволат воспаление.
• Вашиот хирург ќе ги прегледа вашите очи за да се осигура дека сè е стабилизирано.
• Ќе ви биде закажан преглед и контрола за наредниот ден.
• Кога веќе ќе биде одобрено од хирург дека сè е во ред и може да си одите, ќе бидете придружени од наш вработен до хотелот во кој престојувате.
• Треба да се обидете да спиете или да се одмарате со затворени очи најмалку четири часа по завршувањето на операцијата

 

Втор ден – заминување од Истанбул

Ќе бидете фасцинирани кога ќе ги отворите очите при вашето будење. Ќе имате совршена визија без вашите оптички помагала! Откако ќе појадувате во вашиот хотел, ќе се упатите во клиниката и ќе ви биде направен контролен преглед. Доколку сте на промотивен термин ќе можете да уживате во незаборавна екскурзија и да ги видите убавините на Истанбул.Потоа, нашиот љубезен персонал ќе ви посака добар пат и ќе ве испрати на место на вашето заминување автобуска/аеродром од Истанбул.

Доколку се прашувате дали вашите очи се соодветни за Ласик или сакате да закажете термин, контактирајте на телефон 071/272-212 или на имејл адреса biljana@eyestar.us

All Posts
×

Almost done…

We just sent you an email. Please click the link in the email to confirm your subscription!

OKSubscriptions powered by Strikingly